АЛБАНИЈА НА 1 ЈУНИ ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА АЛБАНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

    АЛБАНИЈА НА 1 ЈУНИ ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА АЛБАНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈАТекстот од албанската новинска агенција на албански и англиски јазик (принтскрин)

    Албанија од 1 јуни ќе им дозволи влез во земјата на Албанците кои се државјани на Македонија, Косово и Црна Гора, објави премиерот Еди Рама.

    „Преземаме чекори во согласност со добро промислен план и тоа не го правиме постепено, туку напротив. Подготвени сме повторно да ги отвориме нашите копнени граници“, изјави Рама.

    Тој нагласи дека Албанија е успешна приказна во глобалната војна со коронавирусот и најави дека наскоро ќе се отворат и плажите.

    „Хотелите ќе можат да ги отворат своите приватни плажи на 1 јуни, додека од 10 јуни се отвораат и јавните плажи“, кажа Рама.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира