АЛБАНИЈА ПРИВРЕМЕНО ЌЕ ЗАСОЛНИ АВГАНИСТАНЦИ КОИ РАБОТЕЛЕ ЗА ЗАПАДНИТЕ МИРОВНИ СИЛИ, РЕЧЕ РАМА

    АЛБАНИЈА ПРИВРЕМЕНО ЌЕ ЗАСОЛНИ АВГАНИСТАНЦИ КОИ РАБОТЕЛЕ ЗА ЗАПАДНИТЕ МИРОВНИ СИЛИ, РЕЧЕ РАМАСАД побарале од Албанија да биде транзитно место за извесен број авганистански политички емигранти чија конечна дестинација е САД. (Фото: АП)

    Албанскиот премиер Еди Рама рече дека Албанија привремено ќе прими стотици Авганистанци кои работеле за западните мировни воени сили и кои сега се под закана од талибанците. На својата фејсбук страна Рама објави дека владата на САД побарала од Албанија да биде „транзитно место за извесен број авганистански политички емигранти чија конечна дестинација е САД“.

    „Несомнено, нема да кажеме не“, вели Рама.

    Тој додаде дека албанската влада исто така позитивно одговорила и на барањата на две американски невладини организации да засолни агганистански интелектуалци и жени активистки на кои талибанците им се заканувале со смрт.

    Рама рече дека неговата земја стои покрај САД „не само кога тие ни требаат нам за нашите проблеми, туку дури и кога ние им требаме ним, во секое време“.

    Талибанците денеска влегоа во предградијата на главниот град на Авганистан Кабул, и велат дека чекаат „мирен трансфер“ на градот откако ветија дека нема да го заземат со сила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира