АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО ОН НИКИ ХЕЈЛИ ДАДЕ ОСТАВКА, НЕМА ДА БИДЕ РИВАЛКА НА ТРАМП НА ИЗБОРИТЕ ВО 2020

    АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО ОН НИКИ ХЕЈЛИ ДАДЕ ОСТАВКА, НЕМА ДА БИДЕ РИВАЛКА НА ТРАМП НА ИЗБОРИТЕ ВО 2020Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина која е ќерка на индиски имигранти, е ѕвезда во подем во Републиканската партија и често се споменува како можен кандидат за претседателските избори во 2020, но денеска кажа дека нема да се кандидира и дека ќе води кампања за Трамп (Фото: АП)

    Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли, денеска објави дека дава оставка и веднаш демантираше дека се подготвува да биде противкандидатка на претседателот Доналд Трамп на претседателските избори во 2020. Седната покрај Трамп во Овалната соба, Хејли рече дека нејзината 18-месечна функција во ОН беше „чест на животот“ и рече дека ќе остане до крајот на годината.

    Хејли (46) е последната од долгата низа оставки на виски функции во оваа администрација, како поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон, кој беше отпуштен во март, и Стив Банон, главниот стратег на Трамп, кој замина во август 2017.

    Трамп го опиша мандатот на Хејли во ОН како „фантастичен“ и „неверојатен“ и рече дека ја прифатил оставката, а за 2-3 недели ќе именува нејзин наследник.

    Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина која е ќерка на индиски имигранти, е ѕвезда во подем во Републиканската партија и често се споменува како можен кандидат за претседателските избори во 2020.

    Но денеска таа кажа дека нема да се кандидира и дека ќе води кампања за Трамп.

    „Не нема да се кандидирам во 2020“, рече Хејли.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира