АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО БУДИМПЕШТА НАПРАВИ КВИЗ СО ИЗЈАВИ НА УНГАРСКИ ФУНКЦИОНЕРИ, СПОРЕДУВАЈЌИ ГИ СО РЕТОРИКАТА НА ПУТИН

    АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО БУДИМПЕШТА НАПРАВИ КВИЗ СО ИЗЈАВИ НА УНГАРСКИ ФУНКЦИОНЕРИ, СПОРЕДУВАЈЌИ ГИ СО РЕТОРИКАТА НА ПУТИНКвизот е насловен „Кој го кажа?“ се цитираат изјави на унгарски функционери и коментатори. (Фото: Твитер)

    По засилената антиамериканската реторика во Унгарија изминатите неколку недели, реагираше Американската амбасада во Будимпешта, од каде што велат дека по руската инвазија на Украина, сојузници како Унгарија и САД треба да се држат заедно, а не да се оддалечуваат.

    Цитирајќи изјави на унгарски функционери и коментатори финансирани од власта, Американската амбасада направи квиз на социјалните мрежи, правејќи споредби со реториката на рускиот претседател Владимир Путин.

    „Изминатите недели, неколку високи унгарски функционери и коментатори финансирани од владата имаа остри антизападни и антиамерикански изјави. Унгарија и Соединетите Американски Држави се сојузници. Како што руската агресија нè загрозува сите, ние мораме да застанеме еден до друг, а не да се оддалечуваме“, велат од Американската амбасада.

    Квизот е насловен „Кој го кажа?“.

    „Што ако политиката на градење империја се спроведува од запад кон исток и Украина е уште една потенцијална провинција на евроатлантската империја?“, беше првото прашање на квизот. Понудени одговори беа: Лазло Ковер, претседател на унгарскиот парламент, или Владимир Путин.

    „САД ја нападна ЕУ и нашиот одговор треба да биде симнување на ракавиците и да одиме во војна против Америка“, беше следното прашање, а понудени одговори беа: Беншик Андраш, главен уредник на субвенционираниот од власта „Демократа“, или Владимир Путин.

    „Последиците од енергетските санкции исто така значат екстра профит за САД кои што ја снабдуваат Украина со оружје. Тие имаат корист од војната, па не се заинтересирани да заврши брзо“, е следната изјава од квизот. Понудени одговори се: Агостон Самуел Мраз, основач и директор на финансираниот од владата Институт „Незопонт“, или Владимир Путин.

    „Неопаганска и варварска идеологија добива на сила, а потекнува од американските универзитети која што ги негира сите вредности што ги има создадено човештвото“, е уште една изјава од квизот, а автор е Семјен Жолт, заменик премиер на Унгарија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира