АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ ВО ВИЕНА ИМААТ СИМПТОМИ НА ХАВАНА СИНДРОМ, МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ НА МОЗОКОТ

    АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ ВО ВИЕНА ИМААТ СИМПТОМИ НА ХАВАНА СИНДРОМ, МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ НА МОЗОКОТДипломатите се пожалиле на симптоми како вртоглавица, губење на рамнтежа, губење на слухот и анксиозност. (Фото: Гети)

    Американската Влада испитува повеќе случаи на здравствени проблеми со нивните дипломати и вработени во амбасадата во Виена. Откако претседателот Џо Бајден стапи на функцијата во јануари, над 20 службени лица пријавиле проблеми слични на синдромот Хавана – мистериозна болест на мозокот. Синдромот сѐ уште не е објаснет, но американските научници велат дека најверојатно е предизвикан од директни радиоактивни зраци.

    Првпат беше откриен во Куба 2016-17. Симптоми се појавиле и кај дипломати во други земји, но САД велат дека бројката е најголема во Австрија.

    Дипломати од САД и од Канада во Хавана се пожалиле на симптоми како вртоглавица, губење на рамнотежа, губење на слухот и анксиозност, па дури и симптоми кои тие ги опишале како „мозочна магла“.

    САД ја обвинија Куба за „звучни напади“, кои беа остро отфрлени, а инцидиентот доведе до зголемување на тензиите меѓу двете земји.

    Истражување на американски научници во 2019 ги отфрли наодите за „абнормалности на мозокот“ кај дипломатите кои се разболеа во Куба.

    Виена долго време беше центар за дипломатска активност и има репутација на место за шпионажа, особено за време на Студената војна. Во Виена периодов се одржуваат неформални разговори меѓу Иран и САД за обидите за обновување на иранскиот нуклеарен договор од 2015.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира