АРМИЈАТА НА ЗИМБАБВЕ ГИ ПРИТВОРИ МУГАБЕ И СОПРУГАТА И ЈА ПРЕЗЕДЕ ВЛАСТА

    АРМИЈАТА НА ЗИМБАБВЕ ГИ ПРИТВОРИ МУГАБЕ И СОПРУГАТА И ЈА ПРЕЗЕДЕ ВЛАСТАУште не е јасно каде се претседателот Роберт Мугабе (93) и сопругата Грејс, но најверојатно се во воен притвор (Фото: АП)

    Армијата на Зимбабве денеска соопшти дека претседателот Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс се во притвор и дека војската ги обезбедува владините канцеларии и патролира по улиците на главниот град, по ноќта со немири при што војската ја презеде и државната телевизија. Акцијата предизвика шпекулации за државен удар, но поддржувачите на војската ја пофалија како “корекција без крв”.

    Вооружени војници во оклопни транспортери се стационирани на клучните точки во Хараре, додека Зимбабвејците формираа долги редици во банките за да си ги извадат парите, рутинска грижа во тековната финансиска криза во земјата.

    Војската ја презеде и државната телевизија, но демантира дека извела државен удар (Фото: АП)

    Во обраќањето до нацијата по преземањето на контролата врз државната телевизија на Зимбабве, портпаролот на армијата изутринава соопшти дека војската ги напаѓа „криминалците“ околу Мугабе и се обиде да ја увери земјата дека редот ќе биде вратен.

    Не е јасно каде се Мугабе (93) и неговата сопруга, но се чини дека тие се во воен притвор.

    „Нивната безбедност е загарантирана“, рече портпаролот на армијата. „Сакаме јасно да кажеме дека ова не е воено преземање на власта“, се вели во изјавата на армијата. „Ние само ги напаѓаме криминалците околу (Мугабе) кои извршуваат криминални дела што предизвикуваат социјално и економско страдање во земјата, со цел да ги изведеме пред лицето на правдата“. Портпаролот додаде: „веднаш штом ја остваривме нашата мисија, очекуваме дека ситуацијата ќе се врати во нормала“. Тој ги повика црквите да се молат за нацијата, а другите безбедносни сили да „соработуваат за доброто на нашата земја“, предупредувајќи дека „на секоја провокација ќе има соодветен одговор”.

    За првпат во оваа јужноафриканска земја има отворен судир меѓу војската и Мугабе, најстариот шеф на држава во светот, кој владее од независноста од владеењето на белата малцинство во 1980. Војската е клучен столб на неговата моќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира