АВСТРАЛИЈА, НОВ ЗЕЛАНД И ЈАПОНИЈА НЕ БРЗААТ СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19, САКААТ ДА ВИДАТ КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА НА ДРУГИ МЕСТА

    АВСТРАЛИЈА, НОВ ЗЕЛАНД И ЈАПОНИЈА НЕ БРЗААТ СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19, САКААТ ДА ВИДАТ КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА НА ДРУГИ МЕСТАВо САД, Велика Британија и Европска Унија веќе се вакцинирани милиони луѓе (Фото: Шатерсток)

    Австралија, Нов Зеланд и Тајван важат за позитивни примери на борбата против коронавирусот. Дневните бројки таму се многу мали, а повремените ширења на вирусот брзо се потиснуваат. Сепак, постои нешто во што овие нации моментално заостануваат зад остатокот на светот.

    Земјите со некои од најразвиените здравствени системи, како Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, ќе почнат со вакцинирањето против ковид-19 дури на крајот на февруари или подоцна. Одложувањето е свесно. Милиони луѓе кои веќе се вакцинирани низ светот ќе им обезбедат вредни податоци на овие земји, кои од различни причини чекаат повеќе информации за вакцините, пред и самите да почнат со имунизацијата на своето население.

    Австралискиот министер за здравство Грег Хант кажа дека неговата земја не е под притисок веднаш да почне со вакцинирањето. За разлика од САД и Велика Британија, каде што дневно има илјадници нови случаи на зараза, во повеќето австралиски сојузни држави и територии нема локално пренесување на вирусот со месеци, а во Нов Зеланд последен ваков случај е регистриран на 18 ноември.

    Австралија и Нов Зеланд велат: зошто да ги ставаме луѓето во ризик, кога можеме да почекаме уште малку и да добиеме повеќе информации. Ако вакцината е добра за Европејците, не значи дека исто ќе делува и врз нашето домородно население“, вели Џенифер Мартин, лекар и советник во „Фармак“, единствениот снабдувач со лекови во Нов Зеланд.

    Јужна Кореја нарача доволно дози да го вакцинира целото население од 52 милиони луѓе, но го одложи масовното вакцинирање со цел да собере доволно податоци за споредните ефекти.

    Иако во четвртокот имаше рекордни 2.447 новозаразени, и Јапонија не брза со почетокот на имунизацијата, што би можело да се случи дури на крајот на следниот месец. Јапонците се познати по тоа што имаат голема колебливост кон вакцини, па прво треба да се изгради јавна доверба кон нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира