АВСТРАЛИЈЦИТЕ ГИ ЧЕКА ЗАТВОР ИЛИ ПАРИЧНА КАЗНА АКО СЕ ВРАТАТ ДОМА ОД ИНДИЈА ПОРАДИ КОВИДКРИЗАТА

    АВСТРАЛИЈЦИТЕ ГИ ЧЕКА ЗАТВОР ИЛИ ПАРИЧНА КАЗНА АКО СЕ ВРАТАТ ДОМА ОД ИНДИЈА ПОРАДИ КОВИДКРИЗАТАОва ќе биде првпат Австралијците да бидат криминализирани затоа што се вратиле во нивната земја, велат австралиските медиуми. (Фото: Би-Би-Си)

    Австралиските граѓани што се враќаат дома од Индија може да се соочат со затворска казна од пет години и парични казни, откако владата го прогласи патувањето привремено нелегално. Министерството за здравство соопшти дека одлуката е донесена „врз основа на процентот на луѓе во карантин кои се заразиле со ковид-19 во Индија“.

    Претходно оваа недела, Австралија ги забрани сите летови од Индија. Во Индија има околу 9000 Австралијци, од кои 600 се класифицирани како ранливи.

    Ова ќе биде првпат Австралијците да бидат криминализирани затоа што се вратиле во нивната земја, велат австралиските медиуми.

    Еден лекар изјави дека потегот на владата е непропорционален со заканата што ја носат оние што се враќаат од Индија.

    „Нашите семејства буквално умираат во Индија, да немаат апсолутно никаков начин да ги извлечат – ова е напуштање“, рече лекарот д-р Вјом Шармер.

    Од понеделник, за секого што бил во Индија во рок од 14 дена од предвидениот датум на пристигнување во Австралија, ќе биде забранет влез во земјата. Неисполнувањето на новата одлука може да резултира со затворска казна во траење од пет години, парична казна од 42.000 евра или обете. Одлуката ќе биде разгледана на 15 мај, соопшти Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира