АВСТРИСКИ ВОЕН ОФИЦЕР СО ДЕЦЕНИИ ШПИОНИРАЛ ЗА МОСКВА, ИЗЈАВИ КАНЦЕЛАРОТ КУРЦ

    АВСТРИСКИ ВОЕН ОФИЦЕР СО ДЕЦЕНИИ ШПИОНИРАЛ ЗА МОСКВА, ИЗЈАВИ КАНЦЕЛАРОТ КУРЦMинистерката за надворешни работи Карин Кнајсел, која танцуваше со Путин на својата свадба во август, ја откажа планираната посета на Москва поради новиот скандал (Фото: Ројтерс)

    Висок австриски воен офицер се сомничи дека со децении шпионирал за Москва, објави Виена, што би можело да ги наруши односите на Русија со нејзиниот најблизок сојузник во Европската Унија.

    Австрија е една од ретките земји-членки на Унијата која не избрка руски дипломати како одговор на труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Англија, за што беше обвинета Москва. Десничарскиот канцелар Себастијан Курц, кој е во коалиција со проруската Слободарска партија, кажа дека таа одлука била во духот на неутралноста на Австрија и на традицијата да се одржуваат добри односи со земјите од двете страни на некогашната железна завеса.

    Сепак, тој го заостри тонот, објавувајќи дека се верува дека неодамна пензиониран офицер шпионирал за Москва од 1990 до оваа година.

    „Ако овие сомнежи се потврдат, тоа нема да помогне во подобрувањето на односите помеѓу Русија и Европската Унија“, изјави Курц, не откривајќи го името на осомничениот шпион, кој е приведен на испрашување.

    Во светлото на новите настани, министерката за надворешни работи Карин Кнајсел, која танцуваше со Владимир Путин на својата свадба во август, ја откажа планираната посета на Москва.

    „Бараме отворена соработка со руската страна во овој случај“, додаде Курц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира