БЕЛАТА КУЌА ГО ОБЈАВИ ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР КОЈ ПОТВРДУВА ДЕКА ТРАМП ЈА ПРИТИСКАЛ УКРАИНА ДА ПОЧНЕ ИСТРАГА ЗА ЏО БАЈДЕН

    БЕЛАТА КУЌА ГО ОБЈАВИ ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР КОЈ ПОТВРДУВА ДЕКА ТРАМП ЈА ПРИТИСКАЛ УКРАИНА ДА ПОЧНЕ ИСТРАГА ЗА ЏО БАЈДЕНТрамп ѝ се заканувал на Украина дека ќе ја запре американската воена помош (Фото: АП)

    Белата куќа објави детали од телефонски разговор на Доналд Трамп со украинскиот лидер Володимир Зеленски, кои потврдуваат дека тој побарал од него да го истражи демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден. Овие тврдења ги предизвикаа демократите да покренат истрага за отповикување на американскиот претседател.

    Објавениот телефонски разговор, снимен на 25 јули, е дел од жалбата што ја поднесол свиркач од разузнавачките кругови. Трамп негира дека му се заканувал на Зеленски дека ќе ја запре американската воена помош вредна 400 милиони долари доколку тој не покрене истрага против Бајден, чиј син Хантер работел за украинска енергетска компанија.

    Американските медиуми објавија дека Трамп осум пати го замолил Зеленски да соработува со неговиот личен адвокат Руди Џулијани во истрагата околу Хантер Бајден. Демократите сметаат дека тоа би била политички мотивирана истрага, што би била неверојатна злоупотреба на моќта.

    „Ова е најголемиот поединечен лов на вештерки во американската историја. Нема ништо во тој повик“, изјави Трамп.

    Зеленски кажа дека никој не може да врши притисок врз него, освен неговиот шестгодишен син.

    „Јас сум претседател на независна држава. Ако некој може да ми врши притисок, тоа е мојот шестгодишен син“, рече Зеленски.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари