БЕЛАТА КУЌА ЈА СМЕНИ ПОРАКАТА НА ТЕЛЕФОНСКАТА СЕКРЕТАРКА ЗА ДА ГИ ОБВИНИ ДЕМОКРАТИТЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА ВЛАДАТА

    БЕЛАТА КУЌА ЈА СМЕНИ ПОРАКАТА НА ТЕЛЕФОНСКАТА СЕКРЕТАРКА ЗА ДА ГИ ОБВИНИ ДЕМОКРАТИТЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА ВЛАДАТАСнимената порака вели дека не може да одговори на повиците бидејќи демократите го држат финансирањето на владата во заложништво. Пораката е поставена на телефонската линија за коментари на Белата куќа, која прифаќа повици од јавноста (Фото: Би-Би-Си)

    Белата куќа ја смени пораката на телефонската секретарка, со која се обвинуваат политичките опоненти на Доналд Трамп за тоа што не можат да одговорат на повиците.

    САД се среде затворање на владата, оставајќи многу федерални сервиси без службеници.

    Оние што се јавиле во Белата куќа на линијата за коментари викендов, биле информирани дека демократите се виновни.

    Снимената порака вели дека не може да одговори на повиците бидејќи демократите го држат финансирањето на владата во заложништво. Пораката е поставена на телефонската линија за коментари на Белата куќа, која прифаќа повици од јавноста.

    „За жал, ние не можеме да ви одговориме на повикот денес, бидејќи демократите во Конгресот го држат финансирањето на владата – вклучувајќи го финансирањето на нашите трупи и други национални безбедносни приоритети- во заложништво со неповрзана дебата за имиграција“, вели снимката.

    „Како резултат на оваа опструкција, владата е затворена“.

    Дел од јавноста се спротивстави на изразениот бес на Трамп и на партизираната порака на јавниот сервис.

    Пораката се чини толку невообичаена, поради што некои се обиделе лично да проверат дали е така, а не нова урбана легенда, поради што десетици новинари и самите ја провериле снимката.

    Затворањето на владата почна на полноќ минатиот петок, откако Сенатот не се договори да го продолжи финансирањето на федералната влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира