БИВШАТА СПЕЦИЈАЛНА ОБВИНИТЕЛКА НА РОМАНИЈА СТАНА ПРВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, РОМАНИЈА ГЛАСАШЕ ПРОТИВ

    БИВШАТА СПЕЦИЈАЛНА ОБВИНИТЕЛКА НА РОМАНИЈА СТАНА ПРВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, РОМАНИЈА ГЛАСАШЕ ПРОТИВКовеси имаше голем успех во борбата против корупцијата во својата земја (Фото: Ројтерс)

    Поранешната специјална обвинителка на Романија Лаура Ковеси ќе биде првиот јавен обвинител на Европската Унија, откако на денешното тајно гласање доби поддршка од 17 од 22-та евроамбасадори.

    Ковеси, која во јуни 2018 беше отпуштена од функцијата шефица на Националниот антикорупциски директорат на Романија, ќе ја води новоформираната Канцеларија на европскиот јавен обвинител. Европскиот парламент претходно ја поддржа Ковеси, додека Европскиот совет, наводно под притисок од Романија, го преферираше Французинот Жан-Франсоа Бонер. Романската влада се спротивстави на изборот на Ковеси и на романскиот амбасадор му наложи да гласа против.

    „Се надевам дека ова ќе го мотивира романското правосудство да продолжи да се бори против корупција и да ја брани својата независност“, изјави Ковеси.

    Таа пет години го водеше специјалното јавно обвинителство на Романија и имаше голем успех во борбата против корупцијата во земјата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари