БОЛСОНАРО ВО БОЛНИЦА ВО САД ДОДЕКА ВО БРАЗИЛ СЕ АПСАТ НЕГОВИТЕ ПРИВРЗАНИЦИ КОИ УПАДНАА ВО ПАРЛАМЕНТОТ

    БОЛСОНАРО ВО БОЛНИЦА ВО САД ДОДЕКА ВО БРАЗИЛ СЕ АПСАТ НЕГОВИТЕ ПРИВРЗАНИЦИ КОИ УПАДНАА ВО ПАРЛАМЕНТОТКако одговор на завчерашните нереди, низ Бразил се одржа серија продемократски маршеви (Фото: АП)

    Бившиот бразилски претседател Жаир Болсонаро бил примен во болница во Флорида поради стомачни болки, ден откако илјадници негови приврзаници упаднаа во парламентот, врховниот суд и претседателската палата во Бразилија.

    Болсонаро го напушти Бразил 48 часа пред истекот на мандатот и неговата сопруга Мишел тврди дека тој сега е во болница во Орландо. Од семејството на 67-годишниот Болсонаро, кој беше прободен со нож во 2018, велат дека ситуацијата не е загрижувачка и дека нема да има потреба од операција.

    Во интервјуто за „Си-Ен-Ен Бразил“, Болсонаро кажа дека планирал да остане во САД до крајот на јануари, но веројатно ќе се врати порано во Бразил за да се види со своите лекари. Тој се соочува со неколку истраги од врховниот суд и неизвесно е дали ќе може да остане во САД, каде што отпатувал со дипломатска виза. Вашингтон досега не коментираше за неговиот престој во САД.

    Новиот претседател Инасио Лула да Силва вети дека ќе им се суди на сите кои упаднаа во федералните згради. Тоа го побараа и илјадници продемократски демонстранти на серија мирни маршеви низ Бразил, од кои најголемиот се одржа во Сао Пауло, каде што се бараше и апсење на Болсонаро.

    Досега се уапсени повеќе од 1.500 луѓе во врска со насилствата во неделата. Лула ги обвини десничарските демонстранти дека се обиделе да ја соборат демократијата и праша зошто војската им дозволила на приврзаниците на Болсонаро да повикуваат на пуч пред касарните.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира