БOРИС ЏОНСОН ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    БOРИС ЏОНСОН ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИЏонсон беше најистакнатата фигура на кампањата за „излез од ЕУ“ (Фото: АП)

    Борис Џонсон поднесе оставка како британски министер за надворешни работи, што е трет министер во 24 часа кој излезе од владата наместо да ги поддржи плановите на Тереза Меј за мек брегзит. Премиерката постигна компромис со нејзиниот длабоко поделен кабинет на целодневен состанок во петокот, но откако се консултираше со пријателите и сојузници Џонсон одлучи дека не може да го промовира договорот.

    Портпаролот на Даунинг стрит рече: „Попладнево, премиерката ја прифати оставката на Борис Џонсон за министер за надворешни работи. Неговата замена ќе биде објавена наскоро. Премиерката му се заблагодари на Борис за неговата работа“.

    По состанокот во петокот, излезе дека Џонсон се осврнал на обидите да помине планот на премиерката за брезгит како „замачкување лајна“. Неговата оставка ја следи онаа на министерот за брегзит Дејвид Дејвис и неговиот заменик во Одделот за излез од ЕУ, Стив Бејкер.

    Како истакнато јавно лице на кампањата за излегување од ЕУ, заминувањето на Џонсон ќе го продлабочи чувството на криза околу Меј и ќе ги зголеми шансите таа да се соочи со гласање за недоверба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира