БОРИСОВ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА, НО ЌЕ НЕМА СО КОГО ДА КОАЛИЦИРА

    БОРИСОВ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА, НО ЌЕ НЕМА СО КОГО ДА КОАЛИЦИРАБорисов ѝ понуди на опозицијата да се формира експертска влада (Фото: Ројтерс)

    ГЕРБ на Бојко Борисов ќе биде победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, но веројатно нема да има со кого да прави владејачка коалиција. Меѓу партиите кои нема да влезат во парламентот е и неговиот досегашен сојузник ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, која не го помина прагот од 4% освоени гласови.

    Според резултатите што ги објави Централната изборна комисија по 93% обработени гласови, ГЕРБ доби поддршка од 26% избирачи, дури 7,5% помалку во однос на претходните избори пред четири години, со што ќе изгуби една четвртина од досегашните пратенички места. ГЕРБ ќе остане најголемата група во парламентот, но Борисов ѝ понуди на опозицијата да се формира експертска влада, која би работела до декември.

    На второто место со речиси 18% гласови е партијата Има таков народ, што пред една година ја основа популарниот пејач, актер и шоумен Слави Трифонов, чии концерти се исполнети со патриотски песни. Тој порача дека нема да коалицира со ГЕРБ, ни со Социјалистите, кои досега беа најголемата опозициска партија.

    Целото раководство на БСП, со исклучок на претседателката Корнелија Нинова, денеска поднесе оставка поради лошиот резултат на изборите, откако за неа гласаа 15% избирачи.

    Во парламентот влегуваат и две партии кои произлегоа од ланските секојдневни протести против Борисов и корупција, Исправи се! Мафија надвор! и Демократска Бугарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира