БРИТАНИЈА ЌЕ ВАКЦИНИРА 400.000 ЛУЃЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, СИТЕ ЌЕ ПРИМАТ ПО ДВЕ ДОЗИ ВО РОК ОД 21 ДЕН

    БРИТАНИЈА ЌЕ ВАКЦИНИРА 400.000 ЛУЃЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, СИТЕ ЌЕ ПРИМАТ ПО ДВЕ ДОЗИ ВО РОК ОД 21 ДЕНВакцината прво ќе ја примат најранливите групи, како жителите на старечките домови (Фото: ПА)

    Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека Велика Британија следната недела ќе ги добие првите 800.000 дози од вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ и „Бионтек“, откако таа денеска беше одобрена од тамошните регулатори.

    „Велика Британија е првото место на светот кое добива клинички одобрена вакцина против ковид-19. Вакцините ќе ги распоредуваме според брзината со која се произведуваат. Ќе почнеме со оние кои се најранливи на коронавирусот“, изјави Хенкок.

    Британија има нарачано 40 милиони дози од оваа вакцина, што е доволно да се вакцинираат 20 милиони луѓе, бидејќи е потребно секој да прими по две дози. Според Хенкок, тие ќе се примаат на растојание од 21 ден.

    Ова е најбрзо развиената вакцина во историјата, имајќи предвид дека од концептот до реализацијата поминаа само 10 месеци.

    „Не можеме да кажеме колку дози ќе добиеме до Божиќ, но она што го знаеме е дека почнуваме следната недела и потоа во текот на месецот ќе стигнат неколку милиони дози. Процесот е тежок и секоја тура ќе биде тестирана од британските регулатори. Луѓето ќе бидат контактирани од Националната здравствена служба кога е нивниот ред за вакцинирање“, кажа Хенкок.

    Според него, вакцината прво ќе ја примат најстарите, вклучувајќи ги жителите на старечките домови и оние кои се грижат за нив.

    „2020 беше ужасна година, но 2021 ќе биде подобра. Помошта доаѓа, но ќе треба време“, рече Хенкок, додавајќи дека се разгледува и одобрувањето на вакцината на Оксфорд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира