ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ АМЕРИКАНСКИТЕ НУКЛЕАРНИ БОМБИ ВО ИНЏИРЛИК?

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"Турција(Њујоркер)

    ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ АМЕРИКАНСКИТЕ НУКЛЕАРНИ БОМБИ ВО ИНЏИРЛИК?

    Меѓу многуте неодговорени прашања по обидот за воен удар во Турција од петокот е и она што има импликации за безбедноста на САД и за целиот свет: Колку се безбедни хидрогенските бомби што се чуваат во турската воздухопловна база во Инџирлик?

    За ова прашање во магазинот „Њујоркер“ пишува Ерик Шлосер, авторот на бестселерите „Фастфуд нација„ и „Команда и контрола: Нуклеарните оружја, инцидентот во Дамаск и илузијата за безбедност“.

    Воздухопловната база во Инџирлик, југоисточна Турција, го има најголемиот магацин за нуклеарно оружје на НАТО. Во сабототата наутро, Американската амбасада во Анкара издаде „итна порака за американските државјани“, предупредување дека е прекината струјата во Инџирлик и дека „локалните власти не допуштаат ни влез ни излез од базата“. Инџирлик мораше да користи генератори; на американските борбени авиони стационирани таму им беше забрането да полетуваат и слетуваат; а нивото на закана за безбедноста беше кренато на ФПЦОН Делта, највисокото ниво на тревога, што се прогласува кога има или се очекува терористички напад. Во неделата, командантот на базата генералот Беркир Еркан Ван и уште 9 турски офицери во Инџирлик беа уапсени за наводна поддршка на пучот. Денеска, американските авиони продолжија со летовите, но струја се уште нема.

    Според Ханс М. Кристенсен, директор на Проектот за нуклерна информација при Федерацијата на американски научници, во подземните трезори во Инџирлик има околу 50 хидрогенски бомби Б-61 – над 25 отсто од нуклеарното оружје во арсеналот на НАТО. Бомбата што ја уништи Хирошима имаше експлозивна сила еднаква на 15 килотони ТНТ. За споредба, нуклеарната боева глава на бомбите Б-61 во Инџирлик може да се нагоди и да се движи од 0,3 килотони до 170 килотони ТНТ.

    Безбедносните прашања на Инџирлик неодамна доведоа до зголемување на периметарот на оградата што ја обиколува областа каде што се чува нуклеарното оружје. Инџирлик е на 140 км од границата со Сирија, а од октомври, американски авиони и дронови ги напаѓаат силите на Исламска држава. Поради близината на териториите што се под контрола на бунтовниците во Сирија и поради приливот на терористички напади во Турција, Пентагон пред неколку месеци нареди сите семејства на американските трупи во Инџирлик веднаш да си заминат. Сега таму има околу 2.000 американски војници. Иако Инџирлик веројатно има повеќе нуклеарно оружје од која било НАТО база, нема ни американски ни турски авион опремен за да ги пренесе. Бомбите просто седат во базата, под земја, и чекаат некој да ги употреби или злоупотреби.

    Инџирлик беше изградена од инженерските трупи на американската армија пред почетокот на Втората светска војна; кога Турција влезе во НАТО во 1952, стана клучна американска база за време на Студената војна. На само еден час летање до Русија, во базата имаше американски воени авиони, бомбардери, тенкови и У-2 шпионски авиони. И, како и многу НАТО бази, имаше американско нуклеарно оружје.

    До средината на 1960-те, над 7.000 парчиња американско нуклеарно оружје беа поставени во Западна Европа, Грција и Турција. Ги имаше во сите видови, големини и сила: нуклеарни боеви глави, бомби, земјени мини, артилериски гранати, дури и мали нуклерни проектили кои може да бидат испукани од пушка. Технички, оружјето беше под надзор на американски офицери, спремни да им ги предадат на НАТО офицери за употреба во време на војна. Голема загриженост предизвика евентуалната кражба или употреба на ова оружје од сојузниците во НАТО. „Примарната лојалност на стражарите, се разбира, е кон нивната држава, не кон САД“, предупреди делегацијата на Сенатот во класифициран извештај.

    Две години продоцна, а време на Кубанската ракетна криза, секретаорт за одбрана Роберт Мекнамара се плашеше дека турските офицери би можеле да испукаат некои од ракетите на НАТО врз Советскиот сојуз без дозвола – и нареди американските чувари некако да ги саботираат ракетите, за случај некој да сака да ги лансира. Во хидоргенските бомби на НАТО беа поставени кодирани детонатори, тнр. ПАЛ кодови, кои беа дизајнирани да спречат неавторизирана употреба на оружјето; бомбата не можеше да се детонира ако не се внесе вистинскиот код. Но ПАЛ кодовите можеа да се пробијат од некого со соодветни технички познавања. Кога двете сојузнички во НАТО, Грција и Турција, беа на раб на војна во 1974, САД тајно го отстрани сето нуклеарно оружје на НАТО од Грција и го онеспособи сето нуклеарно оружје што се чуваше во Турција.

    Денеска, оние што се за задржување на нулеарното оружје во НАТО велат дека бомбите Б-61 ја демонстрираат трајната посветеност на САД кон Алијансата, ја заплашуваат Русија и ги обесхрабруваат членките на НАТО да создадат свои хидрогенски бомби. Противниците, како германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, ги сметаат за апсолутно бесмислени – дури и привлечни за теорористи.

    За неколку часа и со вистински алати и обука, може да се отвори трезор на НАТО со нуклеарно оружје, да се извади оружјето, да се пробие ПАЛ кодот, да се уништи оружјето и да се испушти смртоносен радиоактивен облак. Хидрогенските бомби на НАТО се уште ги чуваат трупите на земјите каде се сместени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира