ЏОНСОН РАКОВОДИ СО БРИТАНСКАТА ВЛАДА И ОД БОЛНИЧКИ КРЕВЕТ, ВЕЛИ МИНИСТЕР

    ЏОНСОН РАКОВОДИ СО БРИТАНСКАТА ВЛАДА И ОД БОЛНИЧКИ КРЕВЕТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРБританскиот премиер Борис Џонсон работеше од самоизолација откако на 27 март беше позитивен на тестот за коронавирус. (Фото: Твитер)

    Британскиот премиер Борис Џонсон продолжува да ја води владата иако ја помина ноќта во болницата поради коронавирус, кажа министерот за домување Роберт Џенрик.

    Премиерот Џонсон синоќа беше однесен во лондонска болница со симптоми кои не поминуваат, вклучувајќи температура, за серија рутински тестови. Од британската влада велат дека хоспитализацијата била направена за секој случај, по совет на неговиот доктор. 55-годишниот Џонсон беше позитивен на тестот за коронавирус пред 10 дена.

    Минатиот месец, портпаролот на премиерот кажа дека ако Џонсон не се чувствува добро и не може да работи, ќе биде заменет со министерот за надворешни работи Доминик Раб.

    „Се надеваме дека како резултат на овие тестови премиерот ќе може да се врати на Даунинг Стрит многу брзо“, кажа Џенрик.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари