ДО КРАЈОТ НА ЗИМАТА СИТЕ ЌЕ БИДЕТЕ ВАКЦИНИРАНИ, ОЗДРАВЕНИ ИЛИ УМРЕНИ ОД КОВИД-19, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

    ДО КРАЈОТ НА ЗИМАТА СИТЕ ЌЕ БИДЕТЕ ВАКЦИНИРАНИ, ОЗДРАВЕНИ ИЛИ УМРЕНИ ОД КОВИД-19, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВОЈенс Шпан вели дека е против задолжителното вакцинирање (Фото: Гети)

    Министерот за здравство Јенс Шпан им упати досега најостро предупредување на Германците да се вакцинираат, додека земјата ја има една од највисоките стапки на зараза на светот, а болниците полека се полнат.

    „До крајот на зимата, сите во Германија ќе бидат или вакцинирани или оздравени од ковид-19 или умрени“, кажа Шпан.

    Германија тешко ја погоди четвртиот бран на пандемијата, додека само 68% од населението е целосно вакцинирано, што е една од најниските стапки во западна Европа. Во изминатите 24 часа се потврдени 30.643 нови случаи на коронавирус, 7.000 повеќе во однос на претходната недела. За само една недела, бројот на ковид пациенти на интензивна нега се зголемил за 1.200.

    Германија најави построги рестрикции за невакцинираните, на кои ќе им биде забранет влез на одредени јавни места. Ангела Меркел денеска предупреди дека земјата не чини доволно за да го спречи ширењето на вирусот.

    „Имаме крајно драматична ситуација. Мерките што моментално се на сила не се доволни. Имаме ситуација која надминува сѐ што досега е видено“, кажа Меркел.

    Шпан вели дека делта сојот е причината за последниот силен бран и дека сите кои не се вакцинирани ќе се заразат во наредните месеци.

    „Јас сум против задолжителното вакцинирање, но морална обврска е да се вакцинирате. Слобода значи да се преземе одговорност“, рече Шпан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира