ДОЦНИ ИСПОРАКАТА НА ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ВО ЕУ

    ДОЦНИ ИСПОРАКАТА НА ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ВО ЕУШведска, Данска, Финска, Литванија, Летонија и Естонија ја повикаа ЕУ да изврши притисок врз „Фајзер-Бионтек“. (Фото: ЕПА)

    Неколку земји од ЕУ примаат значително помалку дози од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ отколку што се очекуваше, откако американската фирма ја забави испораката. Шест земји ја нарекоа ситуацијата „неприфатлива“ и ја предупредија дека „го намалува кредибилитетот на процесот на вакцинација“. Шведска, Данска, Финска, Литванија, Летонија и Естонија ја повикаа ЕУ да изврши притисок врз „Фајзер-Бионтек“.

    „Фајзер“ изјави дека намалените испораки се привремена состојба, и се поради промените во неговите производни процеси наменети за зајакнување на производството.

    „Иако ова привремено ќе влијае на испораката кон крајот на јануари до почетокот на февруари, тоа ќе обезбеди значително зголемување на дозите достапни за пациентите кон крајот на февруари и март“, рече „Фајзер“.

    ЕУ не е целосно зависна од вакцината на „Фајзер“, бидејќи ја одобри и вакцината на американската компанија „Модерна“. Сепак, ова се очекува да го забави темпото на програмите за вакцинација.

    Германското Министерство за здравство ја оцени како изненадувачка и жална најавата на „Фајзер“, истакнувајќи дека компанијата се обврзала на датуми за испорака до средината на февруари.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави дека извршниот директор на „Фајзер“ ја уверил оти ќе пристигнат сите нарачки гарантирани за испорака во првиот квартал од годинава. Минатата недела, фон дер Лајен рече дека „Фајзер“ се согласила да ја снабди ЕУ со 600 милиони дози оваа година, што е двојно повеќе од првичната нарачка.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира