ДВА МЕСЕЦА НЕ ВИДОВМЕ БЕЛ ДЕН – ПОЧНА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ЦИВИЛИТЕ ОД БУНКЕРИТЕ НА „АЗОВСТАЛ“ И МАРИУПОЛ

    ДВА МЕСЕЦА НЕ ВИДОВМЕ БЕЛ ДЕН – ПОЧНА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ЦИВИЛИТЕ ОД БУНКЕРИТЕ НА „АЗОВСТАЛ“ И МАРИУПОЛСтотици цивили, од кои неколку десетици мали деца, сè уште се во бункерите под фабриката. (Фото: АП)

    Украинските цивили заробени во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол кој е под опсада на руските сили речиси два месеца почнаа да се евакуираат за време на викендот, а луѓето кои се засолниле на други места во градот треба да заминат денска, соопштија локалните власти. Видеото објавено вчера на интернет од украинските сили покажува постари жени и мајки со мали деца како се качуваат над стрмниот куп урнатини од пространата фабрика „Азовстал“ и на крајот се качуваат во автобус.

    Се очекува над 100 цивили денеска да пристигнат во градот Запорожје, кој е под контрола на Украина, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    „Денес, за првпат во сите денови на војната, овој витално потребен (хуманитарен) коридор почна да работи“, рече Зеленски во претходно снименото обраќање објавено на неговиот канал за пораки Телеграм.
    Евакуираните од челичарницата опишаа со што се соочувале под опсадата – една жена рече дека не видела сончева светлина два месеца.

    Имаше загриженост за безбедноста на евакуираните. Луѓето кои претходно бегаа од областите окупирани од Русија изјавија дека врз нивните возила било пукано, а украинските власти постојано ги обвинуваат руските сили за гранатирање на договорените рути за евакуација. Бранител на централата рече дека вчера руските сили продолжиле со гранатирањето на централата веднаш штом цивилите биле евакуирани.

    Денис Шлега, командант на 12-та оперативна бригада на Националната гарда на Украина, во телевизиско интервју синоќа изјави дека неколку стотици цивили се уште се заробени заедно со речиси 500 ранети војници и „многубројни“ мртви тела.

    „Неколку десетици мали деца сè уште се во бункерите под фабриката“, рече Шлега и додадде дека за да се извлечат сите ќе треба уште најмалку две евакуации.

    Околу 100.000 луѓе можеби сè уште се во Мариупол, вклучително и околу 2.000 украински борци под фабриката „Азовстал“ – единствениот дел од градот што не е окупиран од Русите.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира