ДВАЈЦА КЛИМАТСКИ АКТИВИСТИ САКАЛЕ ДА СЕ ЗАЛЕПАТ ЗА СЛИКАТА „КРИК“ НА МУНК ВО МУЗЕЈОТ ВО ОСЛО

    ДВАЈЦА КЛИМАТСКИ АКТИВИСТИ САКАЛЕ ДА СЕ ЗАЛЕПАТ ЗА СЛИКАТА „КРИК“ НА МУНК ВО МУЗЕЈОТ ВО ОСЛОНајпознатата слика на норвешкиот мајстор не беше оштетена оти е заштитена со стакло. (Фото: АП)

    Норвешката полиција соопшти дека вчера двајца климатски активисти неуспешно се обиделе да се залепат на ремек-делото на Едвард Мунк „Крик“ од 1893 во музејот во Осло, и дека не е пријавена никаква штета на сликата со лик кој личи како да вреска.
    Полицијата соопшти дека биле предупредени од Националниот музеј на Норвешка, а трето лице го снимило парот кој се обидел да се залепи на сликата.

    Музејот соопшти дека просторијата каде што е изложена сликата заштитена со стакло беше испразнета и затворена и ќе биде повторно отворена што е можно поскоро. Остатокот од музејот остана отворен. Полицијата соопшти дека на стаклото имало остатоци од лепак.

    На видеото од инцидентот се прикажани чувари на музејот како држат двајца активисти, а едниот извикува „Врескам за луѓето кои умираат“. Друг извика „Врескам кога пратениците ја игнорираат науката“, додека луѓе ја штитат „Крик“.

    Активистите за животна средина од норвешката организација „Стоп за наоѓалишта на нафта“ рекоа дека со нападот на сликата на Мунк „сакале да извршат притисок врз пратениците да го запрат барањето наоѓалишта за нафта“. Норвешка е главен производител на офшор нафта и гас. Ова е најнов напад на климатски активисти врз познати слики во европските музеи.

    „Ние водиме кампања со ‘Крик’ бидејќи тоа е можеби најпознатата слика во Норвешка“, изјави Астрид Рем, портпаролка на норвешката група. „Имаше многу слични акции низ Европа. Тие успеаја со нешто што ниту една друга акција не успеа: да постигне екстремно големо медиумско внимание“.

    Двајца белгиски активисти кои ја нападнаа „Девојката со бисерна обетка“ на Јоханес Вермер во холандски музеј во октомври беа осудени на два месеца затвор. Сликата не беше оштетена и беше пак беше изложена еден ден подоцна. Претходно овој месец, климатските демонстранти фрлија пире од компири врз сликата на Клод Моне во германски музеј, а сличен протест се случи и во Лондон, каде што демонстрантите фрлаа супа врз „Сончогледи“ на Винсент ван Гог во Националната галерија. И во двата случаи, сликите исто така не беа оштетени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира