ДВОЈНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА БРЗИТЕ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС ВО БРИТАНИЈА

    ДВОЈНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА БРЗИТЕ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС ВО БРИТАНИЈАБританската влада веќе купи 3,5 милиони тестови за антитела, но сѐ уште нема најдено тест што е доволно сигурен да се користи. - Слика од електронски микроскоп на која се гледа коронавирусот обоен во сино, од првиот случај на КОВИД-19 во САД. (Фото: Центар за контрола и превенција на болести)

    Надежите дека тестовите за антитела за коронавирус можат да и помогнат на Британија да стави крај на мерките за изолација откако Светската здравствена организација (СЗО) се посомнева дали тие нудат гаранција за имунитет. Британија планира тестовите за антитела, со кои се проверува дали некој имал КОВИД-19, да имаат централно место во планот за враќање на нормалниот живот.

    Но, експертите велат дека со нив не се докажува дали некој е отпорен на повторно заразување. Властите, исто така, ги предупредија граѓаните да не купуваат приватни тестови.

    Британската влада веќе купи 3,5 милиони тестови за антитела, но сѐ уште нема најдено тест што е доволно сигурен да се користи и оттаму нагласуваат дека нема да одобрат ниту еден тест сѐ додека не се сигурни дека може целосно да сметаат на нив.

    Професорот Џон Њутн, кој го надгледува тестирањето во Британија, вели дека јавноста не треба да купува неодобрени тестови за антитела.

    „Ова е нова територија за нас и убеден сум дека ќе направиме пробив. Но, дотогаш, ве молам да не купувате или да не правите неодобрени тестови. Тие можеби не се сигурни и може да дадат лажен резултат и да ве стават вас или вашата фамилија на ризик“, вели професорот.

    Зборувајќи во Женева, Марија ван Керкове од СЗО фрли сомнеж да користа од брзите тестови за антитела, поради недотиг на докази околу имунитетот од коронавирус.

    „Има многу земји кои сугерираат дека со брзи серолошки тестови ќе можат да добијат слика за колкумина имаат имунитет. Во моментов, ние немаме докази дека брзите серолошки тестови можат да покажат дали некој има имунитет и е заштитен од реинфекција. Овие тестови го мерат нивото на антитела, но тоа не значи дека ако некој има антитела е имун“, кажа таа.

    Проблемот е што нема гаранции дека ако имаш антитела за коронавирус си целосно имун и дури и ако твоите антитела те штитат од болеста, можеби сѐ уште во имаш вирусот во телото и можеш да го пренесеш на други.

    Нејзиниот колега, докторот Мајкл Рајан, вели дека тестирањето за антитела покренува и етички прашања.

    „Може да имате некој кој мисли дека бил инфициран и дека е заштитен во ситуација кога може да биде изложен и може да се разболи“, вели Рајан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира