ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ НА КОВИД-19 ВО СЛОВЕНИЈА, ВО ХРВАТСКА ДВАЈЦА КОИ СЕ ВРАТИЛЕ ОД ЗАНЗИБАР

    ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ НА КОВИД-19 ВО СЛОВЕНИЈА, ВО ХРВАТСКА ДВАЈЦА КОИ СЕ ВРАТИЛЕ ОД ЗАНЗИБАРСловенија и Хрватска се првите земји од регионот каде се појави јужноафриканскиот сој на коронавирусот. (Фото: Дело)

    Две лица во Хрватска и едно во Словенија се потврдени за заразени со јужноафриканскиот сој коронавирусот. Во Хрватска заразените се вратиле од Занзибар, а Словенија објави дека лицето е вратено од Африка, но не се прецизираше од која земја. Овие две земји се првите од регионот каде се појави јужноафриканскиот сој.

    Според словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар, јужноафриканскиот сој се шири полесно и побрзо од сојот на ковид-19 што досега владееше во земјата. Некои студии сугерираат дека текот на болеста е потежок по инфекцијата со јужноафриканскиот сој, а други податоци сугерираат дека луѓето кои веќе имале ковид-19 или биле вакцинирани, исто така може да се разболат по инфекцијата со овој сој. Формите на болеста во овие случаи се претпоставува дека се поблаги.

    Освен што има значителен број професионалци од регионот кои се работно ангажирани во Африка, изминативе неколку години се популарни и туристичките тури за Занзибар и Мадагаскар, меѓу другите афикански земји, и тие се активни и во коронакризата.

    И во Хрватска и во Словенија забрзано се шири и британскиот сој на коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира