ЕКСПЛОЗИЈА ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ, ИМА ПОВРЕДЕНИ

    ЕКСПЛОЗИЈА ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ, ИМА ПОВРЕДЕНИИнцидентот според рускиот федерален истражен комитет е класифициран како обид за убиство (Фото:ДПА)

    Неколку луѓе се повредени во експлозија во трговски центар во Санкт Петербург во Русија, кажаа федералните инспектори, класифицирајќи го инцидентот како „обид за убиство“.

    Четворица се однесени во болница, соопшти Федералниот истражен комитет.

    Експлозијата во Перекрјосток супермаркетот, се верува дека била предизвикана од направа која содржела шрапнели и била со моќ од околу 200 грама ТНТ, извести државната новинска агенција РИА Новости.

    „Инспекторите ги разгледуваат сите можни сценарија“, извести новинската агенција, воздржувајќи се да го искористи зборот „терористички“.

    Околу 70 луѓе се евакуирани од холот на трговскиот центар во вториот најголем град во Русија.

    Во самоубиствен бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург во април годинава загинаа десет луѓе. Руските власти се сомневаа дека бомбашкиот напад го извеле радикални исламски екстремисти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира