ЕРДОГАН И ПУТИН ДОГОВОРИЈА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО СИРИЈА

    ЕРДОГАН И ПУТИН ДОГОВОРИЈА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО СИРИЈАЕрдоган изјави дека тој и Путин ќе помогнат бегалците да се вратат во своите домови (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин постигнаа договор за прекин на огнот во северозападна Сирија, каде што последната ескалација се закануваше да доведе до директен судир помеѓу овие две воени сили. Прекинот на огнот стапува на сила на полноќ.

    Тие се сретнаа во Москва, при што договорија и воспоставување сигурносен коридор долж стратешки автопат во провинцијата Идлиб.

    „Овој договор служи како добра основа за прекинување на сите борби во Идлиб и за ставање крај на страдањето на цивилното население, со што може да се запре и растечката хуманитарна криза“, кажа Путин.

    Ердоган изјави дека тој и Путин ќе помогнат бегалците да се вратат во своите домови. Повеќе од 900.000 луѓе се раселени откако сириските владини сили почнаа офанзива во декември, со цел да го освојат последното упориште на бунтовниците. Оваа офанзива имаше поддршка од Русија, а Анкара одговори на неа со праќање на илјадници турски војници во регионот. Од почетокот на февруари, во борбите загинале 59 турски војници, а Путин изјави дека и сириските сили претрпеле големи загуби.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари