ЕРДОГАН ВО ЃУБРЕ ГО ФРЛИЛ ПИСМОТО НА ТРАМП ВО КОЕ ГО СОВЕТУВА ДА НЕ ЈА НАПАЃА СИРИЈА

    ЕРДОГАН ВО ЃУБРЕ ГО ФРЛИЛ ПИСМОТО НА ТРАМП ВО КОЕ ГО СОВЕТУВА ДА НЕ ЈА НАПАЃА СИРИЈАТрамп му го испратил писмото на Ердоган на 9 октомври (Фото: Гети)

    Реџеп Таип Ердоган го фрлил во ѓубре писмото што му го испратил Доналд Трамп, во кое го советува да биде паметен и да не почнува офанзива против Курдите во Сирија.

    Во писмото од 9 октомври, испратено откако американските сили се повлекоа од североисточна Сирија, што го отвори патот за турскиот напад, Трамп му вели на Ердоган „да не се прави силен и да не биде будала“.

    Извори блиски до турскиот претседател откриле за Би-Би-Си дека тој го примил писмото и потоа го фрлил во корпа за ѓубре. Наредниот ден, Ердоган ја почна офанзивата против Курдите, кои сака да ги избрка подалеку од границата и таму да пресели два милиона сириски бегалци.

    „Ајде да се договориме! Ти не сакаш да бидеш одговорен за масакрот на илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија, но ќе бидам. Работев напорно за да решам некои твои проблеми. Не го разочарувај светот! Генералот Мазлум е подготвен да преговара со тебе и да направи досега невидени отстапки. Историјата ќе гледа позитивно на тебе ако го решиш ова на исправен и хуман начин. Во спротивно, ќе те смета за ѓавол. Не биди лошо момче, не биди будала“, се вели во писмото на Трамп.

    Ердоган во меѓувреме ја продолжи офанзивата во Сирија и вели дека таа ќе трае до конечна победа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира