ЕУ ЈА ЗАОСТРУВА ПОЛИТИКАТА ЗА АЗИЛ И МИГРАЦИЈА, ДЕЛ ОД ЧЛЕНКИТЕ БАРААТ ИЗГРАДБА НА ОГРАДА

    ЕУ ЈА ЗАОСТРУВА ПОЛИТИКАТА ЗА АЗИЛ И МИГРАЦИЈА, ДЕЛ ОД ЧЛЕНКИТЕ БАРААТ ИЗГРАДБА НА ОГРАДАВложување во ограда долж надворешните граници на ЕУ, како што бараат земји како Австрија, не се споменува експлицитно, но се наведува дека фондовите на ЕУ ќе се користат за гранична инфраструктура. (Фото: ДПА)

    Европската унија со месеци се жали на голем пораст на нелегална миграција кон своите членки. Германскиот канцелар Олаф Шолц и лидерите на другите држави од ЕУ усвоија декларација во Брисел која најавува поостра политика за миграција и азил.

    Целта е да се спречат нелегални влезови од самиот почеток или да ги направат помалку атрактивни, се наведува во декларацијата.
    ЕУ планира да го направи тоа со зајакнување на борбата против криумчари на луѓе, поголема заштита на границите и побрза депортација,

    Вложување во ограда долж надворешните граници на ЕУ, како што бараат земји како Австрија, не се споменува експлицитно, но се наведува дека фондовите на ЕУ ќе се користат за гранична инфраструктура.

    Против директно финансирање на изградба на огради или ѕидови се земји како Германија и Луксембург, како и Европската комисија.

    Од друга страна, земјите од ЕУ се согласуваат дека треба повеќе да се притиснат државите кои не соработуваат со враќањето на луѓето кои не добиле азил во ЕУ.

    Бројот на барања за азил порасна за речиси 50 отсто во 2022 година во однос на претходната година, на 924.000. Дополнително, од Украина дошле околу четири милиони бегалци кои не мораат да поднесат барања за азил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира