ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ПАТУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ШЕНГЕН ЗОНАТА

    ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ПАТУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ШЕНГЕН ЗОНАТАМакрон најави затворање и на надворешните граници на ЕУ (Фото: ЕПА)

    Европска комисија планира да ги забрани сите несуштински патувања во рамките на Шенген зоната додека сѐ повеќе земји ги затвораат своите граници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен изјави дека денеска ќе побара од челниците на земјите членки да ја воведат оваа мерка.

    „Колку помалку патуваме, толку повеќе го ограничуваме вирусот“, кажа Фон дер Лајен.

    Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави затворање на надворешните граници на Европската Унија.

    „Поконкретно, сите патувања меѓу неевропските земји и Европската Унија ќе бидат суспендирани“, изјави Макрон и во исто време ја стави Франција во национален карантин на 15 дена.

    Границите ќе останат отворени за дипломати, членови на семејствата на државјаните на ЕУ и за долготрајни жители, како и за здравствени работници и превоз на стоки. Мерката ќе биде на сила 30 дена.

    Макрон им нареди на жителите на Франција да останат дома, а за спроведувањето на мерките на карантин ќе се грижат 100.000 полицајци. Во Франција досега има над 6.000 заразени и 148 починати.

    Германија ги затвори границите со соседните земји, како и јавни места, но не и ресторани. Верски служби и масовни јавни собири се забранети. Во земјата се регистрирани речиси 7.000 случаи и 14 починати.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари