ЕВРОПСКА УНИЈА ЌЕ Ѝ ДАДЕ 700 МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРЦИЈА ЗА ДА ЈА ШТИТИ ГРАНИЦАТА ОД МИГРАНТИ

    ЕВРОПСКА УНИЈА ЌЕ Ѝ ДАДЕ 700 МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРЦИЈА ЗА ДА ЈА ШТИТИ ГРАНИЦАТА ОД МИГРАНТИОд саботата, најмалку 24.000 мигранти биле сопрени на грчката граница (Фото: ЕПА)

    Европската Унија вети дека ќе ѝ даде силна поддршка на Грција во нејзините напори да го спречи преминувањето на мигрантите на границата со Турција. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја нарече Грција „штит на Европа“ и ѝ најави помош од 700 милиони евра.

    „Нашиот главен приоритет е да одржиме ред на надворешната граница на Грција, што исто така е европска граница“, кажа Фон дер Лајен при денешната инспекција на границата.

    Почнувајќи нова воена операција во северозападна Сирија, Турција во петокот ја отвори својата граница, овозможувајќи им на мигрантите да тргнат кон Европска Унија. Од саботата, најмалку 24.000 мигранти биле сопрени на грчката граница.

    Австрискиот канцелар Себастијан Курц го обвини турскиот претседател Ердоган дека ги користи мигрантите како пиони. Тој најави дека и Австрија ќе ги засили своите граници за да не се повтори хаосот од 2015 година.

    За да се засили контролата на границата, силите на Фронтекс ќе бидат опремени со седум пловила, два хеликоптера, авион и со 100 нови граничари.

    „Грчките грижи се и наши грижи. Дојдовме овдека за да ви испратиме јасна порака на европска солидарност и поддршка“, кажа Фон дер Лајен.

    Според договорот од 2016 година, Европската Унија ѝ даде шест милијарди евра на Турција за да ги враќа сириските бегалци кои пристигнуваат на грчки острови.

    Од декември, речиси еден милион Сиријци пребегнаа кон сириско-турската граница среде жестоките борби во провинцијата Идлиб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира