ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕПОРАЧА УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ДА ПОЧНАТ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ, ВЕЛИ ДЕКА УСПЕШНО СЕ СПРАВУВААТ СО КОРУПЦИЈАТА

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕПОРАЧА УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ДА ПОЧНАТ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ, ВЕЛИ ДЕКА УСПЕШНО СЕ СПРАВУВААТ СО КОРУПЦИЈАТАНа заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека пристапните преговори на ЕУ со Украина треба да почнат до крајот на месецот. (Фото: Елисејска палата)

    Украина и Молдавија ги исполнија условите за да почнат пристапни преговори со ЕУ, соопшти Европската комисија, додавајќи дека зависи од земјите членки дали тоа ќе се случи.

    „Сите услови се исполнети од двете земји“, кажа портпаролката на ЕК Ана Писонеро, зборувајќи за имплементацијата на реформи од страна на Киев и Чисинау во врска со борбата против корупција и малцинските права.

    Одлуката за почеток на пристапни преговори сега е во рацете на земјите членки, додаде Писонеро.

    За да почнат преговорите, потребно е сите 27 земји членки на ЕУ да се согласат околу преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција. ЕУ дипломатите притискаат тоа да се случи до крајот на месецов.

    На заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека пристапните преговори на ЕУ со Украина треба да почнат до крајот на месецот.

    Макрон, исто така, кажа дека ќе одвои 200 милиони евра за поддршка на украинската економија.

    Украина аплицираше за членство во ЕУ во февруари 2022 година, веднаш откако почна руската инвазија на земјата. Молдавија аплицираше следниот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира