ФЕЈСБУК ИСТРАЖУВА КАКО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ СЕ ШИРАТ ПРЕКУ МРЕЖАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(БИ-БИ-СИ)

    ФЕЈСБУК ИСТРАЖУВА КАКО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ СЕ ШИРАТ ПРЕКУ МРЕЖАТА

    И покрај обидите на Марк Закерберг да ја намали улогата на Фејсбук во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, се интензивира истражувањето за тоа како лажните вести се шират преку платформата.

    „Базфид њуз“ објави дека повеќе од дузина вработени во Фејсбук создале неофицијална работна група посветена на истражување на ова прашање. „Базфид“ цитира еден член на групата кој сака да биде анонимен од страв да не ја загуби работата.

    „Марк Закерберг знае, а и ние другите во компанијата знаеме, дека лажните вести дивееја на нашата платформа за време на целата сезона на кампањите“, вели изворот.

    Во меѓувреме, Гугл вчера  објави дека ќе преземе повеќе мерки за да спречи сајтови со лажни вести да заработуваат од реклами. Кусо потоа, Фејсбук направи слична рестрикција за употреба на нивната мрежа за реклами.

    Вчера Фејсбук ги негираше тврдњата дека пред изборите создале алатка за откривање на лажните вести, но не ја пуштиле во употреба оти се плашеле дека ќе изгледа дека Фејсбук ги цензурира конзервативните гледишта.

    Закерберг изгледа се повеќе вознемирен од сугестиите дека лажните вести се сериозен проблем на неговиот сајт. Во саботата вечер тој постираше долга објава на неговиот профил во која го бранеше Фејсбук.

    Од сите содржини на Фејсбук, над 99% од она што луѓето го гледаат е автентично. Само мали количини се лажни вести и измами, се брани основачот на Фејсбук Марк Закерберг

    Од сите содржини на Фејсбук, над 99% од она што луѓето го гледаат е автентично. Само мали количини се лажни вести и измами, се брани основачот на Фејсбук Марк Закерберг

    „Од сите содржини на Фејсбук, над 99% од она што луѓето го гледаат е автентично. Само мали количини се лажни вести и измами. Измамите што постојат не се ограничени само на еднострани гледишта , дури ниту на политика“, рече Закерберг.

    Неговиот заклучок: „Се на се, изгледа екстремно неверојатно дека измамите го измениле исходот на овие избори на овој или оној начин“.

    Оваа статистика – 99% – е предмет на многу дебати и се однесува на било какви содржини што се постираат на Фејсбук.

    Во мај, Фејсбук беше многу критикуван откако се разбра дека луѓе-уредници работат на делот трендинг теми на Фејсбук и ги тргаат сите вести кои ја протежираа конзервативната про-Трамп агенда. Фејсбук негираше, но го отстрани човечкиот фактор во обидот да изгледа неутрален.

    Не е само Фејсбук нападнат поради лажните вести. Гугл објави дека ќе ги намали злоупотребите на неговата рекламна платформа АдСенс.

    „Ќе го ограничиме рекламирањето на страниците кои даваат лажни информации за издавачот, содржината или главната цел на веб сопственоста“, изјави Гугл.

    Оваа најава следеше по вестите дека на Гугл на највисоко место за терминот „конечни изборни резултати“ беше рангирана вест од сајт за лажни вести со неточна информација за изборните резултати. Кусо по објавата на Гугл, и Фејсбук објави дека ги ставил „лажните вести“ во типот на сајтови кои немаат дозвола да ја користат мрежата Фејсбук одиенс, систем сличен на АдСенс на Гугл, но помал по обем и ограничен само на апликации од трета страна. Фејсбук рече дека одлуката беше заради појаснување, а не е ново правило, и дека поради тоа нема преземено никакви мерки против било која услуга.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари