ФЕЈСБУК ИЗБРИША ОБЈАВА НА ТРАМП СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КОВИД-19

    ФЕЈСБУК ИЗБРИША ОБЈАВА НА ТРАМП СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КОВИД-19Во објавата имало линк до видео на „Фокс њуз“, во кое Трамп вели дека децата се „практично имуни“ на вирусот, а Фејсбук соопшти дека „видеото вклучува лажни тврдења дека група луѓе се имуни на ковид-19, што претставува кршење на нашите правила околу штетни дезинформации за ковид“. (Фото: АП)

    Фејсбук избриша објава од претседателот Доналд Трамп поради кршење на правилата против ширење дезинформации за коронавирусот. Во објавата имало линк до видео на „Фокс њуз“, во кое Трамп вели дека децата се „практично имуни“ на вирусот.

    Фејсбук вчера соопшти дека „видеото вклучува лажни тврдења дека група луѓе се имуни на ковид-19, што претставува кршење на нашите правила околу штетни дезинформации за ковид“.

    Неколку часа подоцна, Твитер привремено го блокираше Трамп од твитање од неговиот профил, сè додека не ја отстрани објавата со истото видео. Профилот на Трамп го ретвитна видеото. Компанијата во изјавата доцна синоќа соопшти дека твитот ги прекршил нејзините правила против дезинформации за ковид. Кога некој твит ги крши тие правила, Твитер бара од корисниците да го отстранат твитот и им забранува да објавуваат нешто друго сè додека не го избришат.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира