ФИНСКА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА НЕВАКЦИНИРАНИ ПАТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА И КОСОВО

    ФИНСКА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА НЕВАКЦИНИРАНИ ПАТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА И КОСОВОЗабраната стапува на сила од 16 август. (Фото: Шенгенвизаинфо)

    Од 16 август, во Финска ќе биде забранет влез на патници од Македонија и Косово кои не се целосно вакцинирани против ковид-19 и кои немаат доказ дека се имунизирани со една од вакцините кои се признаени од финските власти. Оваа одлука следи откако финската влада ги обнови рестрикциите за влез на патници од земјите вон ЕУ и Шенген зоната, засновано на бројот на заразени од ковид-19.

    Финска ги признава вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, АстраЗенека“, „Јансен“, „Синофарм“, „Ковишилд“ и „Коронавак“.

    И Косово и Македонија последниве недели бележат раст на бројот позитивни со ковид-19, при што во Косово има 888, а во Македонија 792 нови болни во последниве 24 часа.

    Невакцинираните патници од обете земји може да влезат во Финска само ако се враќаат во земјата, се враќаат во друга земја на ЕУ или Шенген зоната или транзитираат.

    Од Скопје има директен лет за Турку во Финска со „Визер“.

    Финска во последните 24 часа има 1.024 новозаразени, а со прва доза се вакцининарни 82.2 отсто додека со втора доза 48.4 отсто од населението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира