ФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРА 100.000 ПОЛИЦАЈЦИ ЗАРАДИ РАСТУРАЊЕ НОВОГОДИШНИ ЗАБАВИ

    ФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРА 100.000 ПОЛИЦАЈЦИ ЗАРАДИ РАСТУРАЊЕ НОВОГОДИШНИ ЗАБАВИКако и во другите европски земји, и во Франција ќе нема прослави за новогодишната ноќ среде пандемијата. (Фото: Ројтерс)

    Франција ќе мобилизира 100.000 полицајци и жандарми на новогодишната ноќ заради растурање забави и спроведување на полицискиот час воведен за борба против коронавирусот. Дополнителното обезбедување исто така има за цел да го запре палењето на автомобили што често се случува во последната ноќ од годината.

    Франција потврди 2,6 милиони случаи на ковид-19, петти најголем број во светот и повеќе од 64.000 смртни случаи. Како и во другите европски земји, и во Франција ќе нема прослави за новогодишната ноќ среде пандемијата.

    Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди видливо присуство на безбедносните сили во центрите на градот и предградијата од 20 часот, кога започнува полицискиот час. Во Париз половина од линиите на метро ќе бидат затворени во вечерните часови, додека Дарманин исто така побара да се разгледа пошироко исклучување на јавниот превоз низ целата земја.

    И покрај зголемениот број случаи и загриженоста за новиот заразен сој на вирусот, владиниот портпарол рече дека засега нема потреба од локални затварања. Франција имаше две затварања на национално ниво, а баровите, рестораните и културните атракции ќе останат затворени и во јануари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира