ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАТВОРА РЕСТОРАНИТЕ, КИНАТА И ТЕАТРИТЕ, ВО ФРАНЦИЈА ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА ФОРМУЛАР ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ДОМА

    ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАТВОРА РЕСТОРАНИТЕ, КИНАТА И ТЕАТРИТЕ, ВО ФРАНЦИЈА ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА ФОРМУЛАР ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ДОМАФранција по вторпат воведува национален карантин, што ќе трае најмалку до 1 декември (Фото: ДПА)

    Франција од петок, а Германија од понеделник влегуваат во делумен национален карантин, во обид да се сопре ширењето на коронавирусот и да се растоварат болничките капацитети, бидејќи одделите за интензивна нега забрзано се полнат.

    Ова следува откако Германија вчера регистрираше рекордна бројка од 15.000 нови случаи на коронавирус, додека дневната смртност од ковид-19 во Франција е највисока од април. Ангела Меркел и Емануел Макрон предупредија дека двете земји се соочуваат со тежок втор бран и дека мора веднаш да се дејствува за да се избегнат посериозни последици.

    Карантинот во Германија ќе трае цел ноември, а условите ги прифатиле сите 16 лидери на сојузните покраини:

    • Баровите се затвораат, а рестораните ќе работат само со нарачки
    • Се затвораат салоните за тетовирање и масажа, теретаните и базените
    • Нема да работат ни културните установи, како кината и театрите
    • Училиштата и градинките остануваат отворени, исто како и продавниците
    • Социјалните контакти се ограничуваат на две домаќинства со максимум десет луѓе, додека ноќевање во хотел се забранува , освен ако не е неопходно, домашниот туризам запира
    • Собирите во приватните домови треба да се избегнуваат.

    Макрон кажа дека карантинот во Франција ќе трае најмалку до 1 декември и премиерот Кастекс вечерва ќе ги изнесе деталите, но тој ќе подразбира:

    • Се затвораат сите несуштински бизниси, како ресторани и барови
    • Училиштата, фабриките и градилиштата продолжуваат со работа
    • Излегувањето од дома ќе биде дозволено само од неколку причини, како работа, посета на лекар, неопходно пазарување и едночасовна рекреација, за што ќе мора да се пополни формулар
    • Јавните собири се забранети.
    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира