ГЕРМАНИЈА СЕ ОТКАЖА ОД ОЛЕСНУВАЊЕТО НА КОВИД МЕРКИТЕ И ОСТАНУВА ЗАТВОРЕНА ДО 18 АПРИЛ

    ГЕРМАНИЈА СЕ ОТКАЖА ОД ОЛЕСНУВАЊЕТО НА КОВИД МЕРКИТЕ И ОСТАНУВА ЗАТВОРЕНА ДО 18 АПРИЛМеркел стравува дека болниците би можеле да бидат преплавени со ковид пациенти до април (Фото: АП)

    Германија го продолжи делумното затворање до 18 април, премислувајќи се околу олеснувањето на рестрикциите што се на сила од средина на декември, откако се соочи со нов пораст на бројот на ковид позитивни.

    Како што објавија германските медиуми, на денешниот видеосостанок Ангела Меркел со лидерите на 16-те сојузни покраини, тие се согласиле да се откажат плановите за постепено отворање на економијата, што беше договорено пред само три недели.

    Во услови кога коронавирусот повторно забрзано се шири, а само 9% од населението има примено вакцина, политичарите стравуваат дека болниците би можеле да бидат преплавени со ковид пациенти до април доколку не се преземат мерки да се спречи ширењето на заразата. Неделната стапка денеска се искачи на 107 заразени на 100.000 жители.

    Приватните собири повторно ќе бидат ограничени на само еден гостин од друго домаќинство, а уште еднаш се затвораат музеите, галериите и продавниците, што почнаа да се отвораат во изминатите недели. Сѐ уште се преговара за затворање на училиштата и за евентуално укинување на рестрикциите за Велигден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира