ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ГО УКИНА ФИНАНСИРАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА ДЕСНИЧАРСКОТО НАСИЛСТВО

ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ГО УКИНА ФИНАНСИРАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА ДЕСНИЧАРСКОТО НАСИЛСТВОсајтот се наведува дека тој Сајтот постои за „систематски, од повеќе перспективи и врз основа на извори“ да ги собира записите за инцидентите што се случиле од 1945 година па наваму. (Фото: ДПА)

Централен онлајн центар за документирање на десничарското насилство во Германија од Втората светска војна па наваму, повеќе нема да добива федерални средства, и покрај приговорите од парламентот.

„Дополнителни буџетски средства за финансирање по крајот на 2026 година не се достапни“, изјави државниот министер за култура Волфрам Вајмер, одговарајќи на пратеничко прашање од Марлен Шенбергер, пратеничка од партијата на Зелените.

„Едвај осум месеци по лансирањето на тематскиот портал ’Десничарско насилство‘, федералната влада сега го укинува финансирањето. Тоа е сосема неразбирливо“, рече Шенбергер, која е членка на Комисијата за внатрешни работи во Бундестагот. „Федералната влада мора да го спречи десничарското насилство, а таму каде што не успева во тоа, мора барем да го признае и документира неговиот континуитет. Тоа им го должи на оние што се погодени од него“, изјави таа.

Онлајн центарот е сместен на платформата „Архивски портал-Д“ на Германската дигитална библиотека, а со него управуваат Федералните архиви во Берлин. На сајтот се наведува дека тој постои за „систематски, од повеќе перспективи и врз основа на извори“ да ги собира записите за инцидентите што се случиле од 1945 година па наваму. Целта беше разните архивски материјали – на пример, од државни извори и од граѓанското општество – да се обединат на едно место на интернет, за да останат сочувани за идните генерации.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира