ГЕРМАНЦИТЕ ЛУТИ, ЈА ВРАТИЈА МЕРКЕЛ ОД ОДМОР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Минхен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРМАНЦИТЕ ЛУТИ, ЈА ВРАТИЈА МЕРКЕЛ ОД ОДМОР

    СПЕЦИЈАЛНО ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК ОД МИНХЕН: ДАНИЕЛА СТОЈАНОВИЌ-КАРГОВ

    „Кажете го вашиот став за тероризмот во Германија и вашата стратегија”, луто и порачуваат Германците по социјалните мрежи на канцеларката Ангела Меркел, особено по нападот во изминатата сабота во Ансбах, за кој е утврдено дека се работи за радикален исламски тероризам.

    Во анкетите по медиумите, дури 93 отсто од анкетираните сметаат дека Меркел тотално ја згрешила работата што воопшто не се појавила, ниту дала изјава по овој повод. Под притисок на јавноста, најмоќната жена на светот, како што ја нарекуваат, вчера го прекина годишниот одмор и веќе за денес е најавена во Берлин нејзина прес-конференција. Во меѓувреме, баварското политичко раководство, сабајлево одржа прес, на кој ја кажа својата идна стратегија и најави „безбедносна офанзива”.

    Се огласи и организаторот на светски популарниот “Октоберфест”, кој исто така најавува посебна сигурносна стратегија со 2 миллиони евра инвестиција и со засилени полициски и специјални мерки. На оние коишто планираат да дојдат на најголемиот фестивал на пивото во светот (лани го посетија 5,9 милиони лица) уште од сега им се порача дека се забранува носење на ранци и големи торби. „Октоберфест” почнува на крајот на септември и трае две недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари