ГЕРМАНЦИТЕ ПРАШУВААТ: ЗОШТО? – МИНХЕН СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА ПО МАСАКРОТ ВО ПЕТОКОТ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:139:"ЖивеелиГерманијавострав,какоштоповеќеодцелагодинаживееиФранција?";s:9:"td_source";s:45:"Минхен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРМАНЦИТЕ ПРАШУВААТ: ЗОШТО? – МИНХЕН СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА ПО МАСАКРОТ ВО ПЕТОКОТ

    СПЕЦИЈАЛНО ОД МИНХЕН ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК: ДАНИЕЛА СТОЈАНОВИЌ – КАРГОВ

    „Не знам како ќе одиме годинава на Wiese (ливада), како што популарно се нарекува локацијата каде што се одржува Октобер фест, најголемиот светски фестивал на пивото“, ни се довери еден жител на Минхен откако се смири притисокот и неизвесноста по петочниот масакар во најголемиот трговски центар во градот.

    Ова неделно утро Баварија и нејзиниот главен град нема да се разбудат спокојно, како што е вообичаено за Германците кои му даваат големо значење на викендот и на времето предвидено за одмор. По крвавиот напад на Трговскиот центар Олимпија во петокот попладне животот во Минхен се стабилизира. Градот врие од полиција, сообраќајот е вратен во нормала, возовите се полни, автопатиштата проодни, луѓето пак се собираат на Мариен плац во центарот, тука се и туристите, а пред трговскиот центар каде што загинаа девет луѓе кои сосема случајно се нашле таму пред почетокот на викендот, луѓето палат свеќи и оставаат цвеќе за жртвите.

    Покрај цвеќето пред Трговскиот центар некој на парче картон напишал: Зошто?

    Покрај цвеќето пред Трговскиот центар некој на парче картон напишал: Зошто?

    Но, Баварците се во шок. Главното прашање е: Зошто?

    Минатиот вторник во воз на релација Минхен – Вирцбург, 17 годишен азилант од Пакистан, со лажен авганистански пасош со секира повреди четири лица од кои една двојка туристи од Кина уште се во животна опасност. Истрагата утврди дека бил под влијание на терористичката пропаганда на Исламска држава (ИСИС).

    Поминаа само три дена кога 18 годишен Германец со иранско потекло уби деветмина, повреди 27 луѓе и потоа се самоуби. За минхенчанецот Али Давид Сомболи полицијата тврди дека нема врска со ИСИС и дека се работи за психичка пореметеност. Доказите пронајдени во станот на неговите родители, со кои живеел укажуваат на неговата фасцинација од Андерс Брејвик, масовниот убиец од Норвешка кој токму пред пет години уби 77 свои врсници и наставници. Пронајдени се и материјали за масовното убиство во Штутгарт од пред девет години кога малолетник ладнокрвно уби 15 бивши соученици и потоа исто како и минхенскиот напаѓач се уби пред очите на полицијата.

    Двата настани во Баварија беа причина канцеларката Ангела Меркел итно да го прекине одморор, а министерот за надворешни работи де Мизие да допатува од САД, каде што исто така беше на одмор, за да ги мобилизираат сите безбедносни структури, од војската до елитните единици на полицијатаa.

    Истрагата вели дека мотивот на напаѓачот уште е нејасен. Но, дури и похрабрите велат дека избегнуваат собирање во поголеми групи на јавни места.

    Живее ли Германија во страв, како што повеќе од цела година живее и Франција?

    Стравот е една од темите во германските медиуми на крајот на оваa бурна недела што ја преживеа јужната сојузна германска покраина – слободна држава Баварија.

    Друга тема која произлезе од последните настани е онаа за рапидно зголемениот број бегалци од кризните региони кои се помлади од 18 години и во Германија доаѓаат сами и без било каква придружба. На таа тема се надоврзува се поголемото незадоволство на Германците од бегалците и зачестените напади на бегалските домови.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари