ГЛАСАЧИТЕ ВО БЕРЛИН Ѝ НАНЕСОА УШТЕ ЕДЕН УДАР НА МЕРКЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Берлин,(агенции)

    ГЛАСАЧИТЕ ВО БЕРЛИН Ѝ НАНЕСОА УШТЕ ЕДЕН УДАР НА МЕРКЕЛ

    Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел претрпе уште еден пораз на покраинските избори, откако нејзината Христијанско Демократска Унија (ЦДУ) беше обезвластена во Берлин по најлошиот резултат по Втората светска војна, покажаа првичните резултати од вчерашното гласање.

    Гласачите во Берлин излегоа во поголем број во однос на изминатите години, многумина од нив како одговор на повиците за мобилизација од националистичката партија Алтернатива за Германија (АфД). Антиимигрантската партија за првпат ќе влезе во законодавниот дом на градот покраина, иако нејзиниот удел во гласовите, околу 12 отсто, е помал отколку што беше пред две недели во матичната покраина на Меркел, Мекленбург-Форпомерн, каде го освои второто место, пред конзервативната партија на канцеларката.

    Во Берлин, ЦДУ освои околу 18 отсто од гласовите, што не е доволно да продолжи да биде помал партнер во владеачката коалиција со Социјал Демократите. Централно левичарската Социјал Демократска Партија (СДП) освои околу 22 отсто од гласовите и се очекува да формира влада со други две партии, Зелените и Левата Партија, кои освоија по 15 отсто од гласовите.

    „Сите сме гневни што АфД успеа да влезе“, кажа Михаел Милер, берлинскиот градоначалник и водечки кандидат на СДП.

    „Но, бидете сигурни дека Берлин ќе остане меѓународен град, отворен кон светот“, додаде Милер.

    Резултатот сугерира дека АфД не е така популарна во космополитскиот главен град како што е во остатокот од Германија, но сепак успеа да привлече значителна поддршка, пред се, од источните делови од градот. АфД имаше жестока кампања против одлуката на канцеларката да дозволи во Германија да влезат над еден милион имигранти, најмногу од нив без имигрантски документи.

    Многумина од поранешните поддржувачи на ЦДУ се префрлија во либералната Слободна Демократска Партија (ФДП), која успеа по петгодишна пауза да се врати во законодавниот дом со околу шест отсто од гласовите.

    Канцеларката неодамна го нападна Милер, обвинувајќи го за неспособноста на властите во Берлин адекватно да ги регистрираат бегалците, поради што луѓето останаа заглавени со недели и ја преоптоварија администрацијата во главниот град. Меркел, која на сојузно ниво е на власт во коалиција со СДП, го обвини Милер дека одбива да преземе одговорност за хаотичната ситуација со која се соочија 79-те илјади бегалци, кои пристигнаа минатата година во престолнината.

    „Според моето искуство, знам дека лидерите на владите секогаш се одговорни и тие мора да одговараат“, кажа Меркел во интервју за берлинскиот весник „Тагесшпигел“ пред изборите.

    Сепак, многумина од нејзиниот конзервативен блок ја критикуваат за тоа што дозволи приливот на бегалци воопшто да стане криза. Хорст Зехофер, лидер на баварската сестринска партија на ЦДУ, е еден од нејзините најгласни критичари. Во интервју објавено во петокот, Зехофер се закани дека ќе ја повлече поддршката од неговата партија за нејзината кандидатура во 2017 година, освен ако не се согласи да се огранични бројот на нови бегалци кои може да ги прими земјата. Меркел се уште нема соопштено дали ќе се кандидира за четврт мандат кога земјата ќе бира нова влада следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира