ГЛОБАЛНАТА ИНИЦИЈАТИВА АЦТ-АКЦЕЛЕРАТОР ПРЕКУ НОВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА СОБЕРЕ 35 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    ГЛОБАЛНАТА ИНИЦИЈАТИВА АЦТ-АКЦЕЛЕРАТОР ПРЕКУ НОВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА СОБЕРЕ 35 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Ковакс иницијативата планира да дистрибуира две милијарди дози од вакцина против ковид-19 во 2021 година, a британскиот премиер Борис Џонсон најави дека Велика Британија ќе придонесе со 571 милион фунти кон оваа иницијатива. (Фото: Британска амбасада)

    Наша должност е да обезбедиме вакцините, третманите и тестовите за ковид-19 да бидат достапни за сите, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб во пресрет на денешната виртуелна конференција за вакцини, терапија и дијагностика, чиј домаќин е Велика Британија, заедно со Обединетите нации, Светската здравствена организација и владата на Јужна Африка.

    Целта на конференцијата е меѓународната заедница да се обедини околу АЦТ-акцелераторот, глобална соработка која треба да ги забрза развојот, производството и пристапот до вакцини против ковид-19 и нови форми на лекување и тестирање.

    „Наша должност е да обезбедиме вакцините, третманите и ковид-19 тестовите да бидат достапни за сите и да го запреме глобалното ширење на пандемијата, со што ќе го поставиме човештвото на патот на закрепнувањето. Соработката под покровителство на АЦТ-акцелераторот е битна за стимулирање на развојот, производството и пристапот за сите земји”, изјави Раб.

    Конференцијата треба да ги охрабри земјите да придонесат за АЦТ-акцелераторот, при што се потребни 38 милијарди долари за обезбедување на две милијарди дози од вакцина против ковид-19 во 2021 година. Досега државите имаат ветено само три милијарди долари. Минатата недела, британскиот премиер Борис Џонсон најави дека Велика Британија ќе придонесе со 571 милион фунти кон Ковакс иницијативата, која е дизајнирана за дистрибуција на вакцината против ковид-19 низ светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира