ГРЧКИ ЕКСТРЕМИСТИ ПЛАНИРААТ КОНТРАПРОТЕСТ НА УТРЕШНИОТ МАРШ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МЕЛБУРН, МОЖНИ СЕ НАСИЛНИ СУДИРИ

    ГРЧКИ ЕКСТРЕМИСТИ ПЛАНИРААТ КОНТРАПРОТЕСТ НА УТРЕШНИОТ МАРШ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МЕЛБУРН, МОЖНИ СЕ НАСИЛНИ СУДИРИГрафит „Македонија никогаш нема да биде грчка“ на прозорец на седиштето на прогрчката група Панмакедонска асоцијација на Мелбурн и Викторија (Фото: news.com.au)

    Лидерите на грчката заедница во Мелбурн се длабоко загрижени поради гласините дека екстремисти планираат да упаднат на утрешниот собир на Македонците насловен „Марш за Македонија“, пренесе австралискиот портал „Њуз“. Маршот низ Мелбурн се случува во ситуација на подигнати тензии околу спорот за името на Македонија. „Њуз“, исто така, објави во средата дека натписи „Грците се Турци“ и „Е***и расисти“ беа испишани на надвозници и на грчките православни цркви минатата недела.

    Крис Муцикис, истакнат ќлен на грчко-австралиската заедница, вели дека натписите се одвратни и дека биле напишани од шовинисти и расисти. Од македонската заедница во Мелбурн, пак, велат дека грчките Австралијци не се невини жртви.

    Минатата недела, грчките Австралијци одржаа мирен протест пред грчкиот конзулат во Мелбурн. За утре е најавен „Марш за Македонија“ на австралиските Македонци, но има стравувања дека двете заедници ќе се судрат.

    Организацијата „Македонија е грчка“ на Фејсбук објави дека до нив стигнале гласини дека Грците организираат контрапротест.

    „Фиромјаните треба да сфатат дека ние имаме право да направиме контрапротест. Во северните и западните предградија се зборува дека Фиромјаните се толку вознемирени што почнале да се вооружуваат со ножеви и безбол палки скриени во ранците на нивните деца“, објави прогрчката група.

    Муцикис го осуди најавениот контрапротест и повика на мир. Тој вели дека разочаран од оние кои инсистираат да се оди на контрапротест.

    „Мислиме дека оваа идиотска активност, не е ниту храбра, ниту патриотска иницијатива, туку бесмислена и провикативна акција на екстремисти со вжештени глави. Го осудуваме ваквото однесување и сакаме да ги известиме одговорните дека нивните дејствија не се различни од ултранационалистичките насилници од другата страна кои нè провоцираат. Таквите провокации во чувствителен период за двете страни лесно можат да доведат до насилство“, изјави Муцикис, кој е директор на Панмакедонската асоцијација во Мелбурн и Викторија.

    Протестите во Грција се случуваат откако посредникот на ОН Метју Нимиц минатиот месец беше во Македонија и во Грција на средби со премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира