ГРЧКИ СВЕШТЕНИК ФРЛИ КИСЕЛИНА ВРЗ СВЕШТЕНИЦИ КОИ САКАЛЕ ДА ГО ИСКЛУЧАТ ОД ЦРКВАТА ОТКАКО БИЛ ФАТЕН СО КОКАИН

    ГРЧКИ СВЕШТЕНИК ФРЛИ КИСЕЛИНА ВРЗ СВЕШТЕНИЦИ КОИ САКАЛЕ ДА ГО ИСКЛУЧАТ ОД ЦРКВАТА ОТКАКО БИЛ ФАТЕН СО КОКАИНПолицијата кажа дека некои од хоспитализираните имаат сериозни изгореници (Фото: Катимерини)

    Седуммина високи членови на Грчката православна црква и уште три лица се примени во болница со изгореници откако биле испрскани со киселина од свештеник кој бил на дисциплинско сослушување, објавија властите.

    Инцидентот се случил на состанок во Атина и притоа е уапсен 36-годишен свештеник. Тој се соочувал со исклучување од црквата откако во 2018 година бил фатен со неколку грама кокаин, објави новинската агенција АНА.

    Полицијата не кажа каква течност била фрлена, но додаде дека некои од хоспитализираните имаат сериозни изгореници. Повеќето од повредените имаат висок ранг во Грчката православна црква.

    „Ја изразувам мојата згрозеност од овој досега невиден настан“, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

    Весникот „Та неа“ објави дека свештеникот донесол големо шише со корозивна течност на состанокот во манастирот „Петраки“ во централниот дел на Атина. Тој бил фатен од чувар на капијата на манастирот откако се обидел да избега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира