ГРЦИЈА Е СТОЛБ НА СТАБИЛНОСТА ВО РЕГИОНОТ, РЕЧЕ ПОМПЕО ВО АТИНА

    ГРЦИЈА Е СТОЛБ НА СТАБИЛНОСТА ВО РЕГИОНОТ, РЕЧЕ ПОМПЕО ВО АТИНАПомпео и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас во Атина потпишаа важен Протокол со кој се надгради Договорот за соработка во одбраната. (Фото: Катимерини)

    Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Атина рече дека Грција е столб на стабилноста во регионот и истакна дека американските компании се спремни за инвестирање во земјата.

    Помпео и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас потпишаа важен Протокол со кој се надгради Договорот за соработка во одбраната, за кој Помпео рече дека отвора и можности за економска соработка. Дендијас рече дека Протоколот отвора нова ера во односите меѓу двете земји.

    По официјалните средби, Помпео имаше говор во културниот центар „Ставрос Ниархос“, при што, меѓу другото кажа и дека  Договорот од Преспа, со кој се реши спорот за името меѓу Македонија и Грција, е чекор кон стабилност во регионот.

    Помпео ја поддржа Грција во осудата на Турција, која Кипар ја обвинува дека нелегално дупчи во источното Средоземно Море во потрага по гас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира