ГРЦИЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СРПСКИТЕ ТУРИСТИ

    ГРЦИЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СРПСКИТЕ ТУРИСТИЗабраната за влез ќе трае до 15 јули, но би можела да биде и продолжена (Фото: АП)

    Грција ќе им забрани влез во земјата на српските туристи, почнувајќи од утре во шест часот, по последното ширење на коронавирусот во Србија, објавија грчките власти. Забраната ќе биде на сила до 15 јули, но би можела да биде и продолжена. Ќе бидат дозволени само суштински патувања, како од деловни причини.

    Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ја потврди забраната и им препорача на своите сограѓани да ги откажат плановите за одење во Грција.

    Српските туристи оваа недела веќе се соочија со проблеми со влегувањето во Грција откако без најава за нив беше затворен граничниот премин Евзони и беа пренасочувани преку Бугарија. Во меѓувреме, две српски туристки имаа позитивен тест на островот Скијатос.

    Во Србија денеска има 302 нови случаи на коронавирус и починаа пет лица, додека вонредна состојба е прогласена во десет градови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира