ГРЦИЈА И УШТЕ 11 ЧЛЕНКИ НА ЕУ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА „КОВИД ПАСОШИТЕ“ КОИ ТРЕБА ДА ГО СПАСАТ ЕВРОПСКИОТ ТУРИЗАМ

    ГРЦИЈА И УШТЕ 11 ЧЛЕНКИ НА ЕУ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА „КОВИД ПАСОШИТЕ“ КОИ ТРЕБА ДА ГО СПАСАТ ЕВРОПСКИОТ ТУРИЗАМ„Ковид пасошите“ би требало да почнат да се применуваат најдоцна во почетокот на јуни (Фото: СДК.МК)

    Грција, Хрватска и уште десет членки на Европската Унија ги договорија критериумите за издавање на таканаречените „ковид пасоши“, кои би требало да гo олеснат патувањето и да ја спасат летната туристичка сезона.

    „Наша цел е ‘ковид пасошите‘ брзо и ако е можно, во единствен облик да се применуваат на ниво на целата Европска Унија. Ние се бориме за опстанок на европскиот туризам“, изјави австриската министерка за туризам Елизабет Кестингер.

    Грција, Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Италија, Малта, Португалија, Шпанија и Словенија уште кон крајот на март договорија седум критериуми за „ковид пасошите“, кои би требало да почнат да се применуваат најдоцна во почетокот на јуни.

    „‘Ковид пасошот“ преку Кју-Ар кодот веднаш ќе дава информации дали лицето е вакцинирано, дали има негативен ПЦР тест или ја прележало болеста. Со тоа ќе се овозможи негова едноставна примена во цела Европска Унија, и на аеродроми и во селски гостилници“, додаде Кестингер.

    Европската комисија во следните денови треба да донесе конечна одлула за примената на пасошите, а потоа тие ќе се усогласуваат и со трети земји.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира