ГРУЕВСКИ ГО НЕМА НА СЛИКАТА ОД МАСТРИХТ ОТИ БИЛ ПОКАНЕТ САМО ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ ГО НЕМА НА СЛИКАТА ОД МАСТРИХТ ОТИ БИЛ ПОКАНЕТ САМО ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не бил поканет на Самитот на Европските народни партии (ЕНП), кој се одржа во Мастрихт, Холандија во четвртокот, па затоа ВМРО-ДПМНЕ, која е член на оваа асоцијација на европските демохристијански партии, не учествувала на самитот. Во Мастрихт бил поканет само премиерот Емил Димитриев, но не можел да оди, изјавија од ЕНП за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски, поканети биле и Груевски и Димитриев.

    „Колку што знам, покани за учество на Самитот на ЕНП стигнаа до претседателот на партијата и до претседателот на Владата, кои поради обврски за партиската кампања, изборите и набиената агенда беа спречени да одат. Но соработката со ЕНП си продолжува“, ни изјави Котевски.

    Портпаролот на ЕНП Зигфрид Муресан за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека на самитите на асоцијацијата се канат само највисоко рангираните политичари и поканата не може да се пренесе на друг.

    „ЕНП на своите самити ги поканува највисоко рангираните политичари кои припаѓаат на нашето политичко семејство, во случајот премиерот Емил Димитриев. Поканата за ваквите средби на високо ниво на ЕНП е лична и не може да се пренесе на друг. Премиерот Димитриев се извини дека нема да присуствува на состанокот поради претходно планирани обврски во неговата земја кои не можеле да се одложат“, ни изјави портпаролот на ЕНП Зигфрид Муресан.

    На Самитот во Мастрихт, на кој присуствувале лидери на земји во и вон ЕУ, е осудено мешањето на Русија во Сирија и источна Украина, а разгледана е и некадарноста на Грција брзо да ги процесуира апликациите за азил на бегалците, што е клучен предуслов за имплементација на договорот меѓу ЕУ и Турција.

    Асоцијацијата на Европските народни партии е најголемото и  највлијателно европско здружение на десниот центар со 75 членки од 40 земји, претседателите на Европската комисија и Советот на Европа, шефови на држави или влади на 8 земји од ЕУ и 5 вон ЕУ, 14 члена на Европската комисија и со најголема група во Европскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира