ГУГЛ ОБЈАВУВА САМО ЛОШИ РАБОТИ ЗА МЕНЕ И ГИ КРИЕ ДОБРИТЕ ВЕСТИ, ВЕЛИ ТРАМП

    ГУГЛ ОБЈАВУВА САМО ЛОШИ РАБОТИ ЗА МЕНЕ И ГИ КРИЕ ДОБРИТЕ ВЕСТИ, ВЕЛИ ТРАМПГи обвини медиумите и социјалните мрежи за дискриминирачки однос кон конзервативците. - Доналд Трамп (Фото: Гети)

    Доналд Трамп го обвини Гугл дека ги мести резултатите од пребарувањето, со цел да создаде лоша слика за него.

    Тој тврди дека на луѓето кои во последно време бараат информации за него намерно им се сервираат само штетни приказни. Трамп дури сугерира дека Гугл треба да биде казнет затоа што не објавува доволно позитивни приказни.

    „Резултатите од пребарувањето за вестите за Трамп покажуваат само лажни вести. Со други зборови, тие се местат, па речиси сите приказни и вести за мене се лоши. Републиканските/конзервативни и фер медиуми се исклучени. Дали е тоа легално?“, напиша Трамп на Твитер.

    Тој вели дека ги проучувал резултатите од пребарувањето и заклучил дека речиси сите информации се левичарски, не откривајќи како дошол до тоа.

    „96% од вестите за Трамп доаѓаат од националните левичарски медиуми, тоа е многу опасно. Гугл и останатите го потиснуваат гласот на конзервативците и ги кријат информациите и вестите кои се добри. Тие контролираат што можеме и што не можеме да видиме. Тоа е многу сериозна ситуација“, вели Трамп.

    Минатиот месец, тој ги обвини и социјалните мрежи за дискриминирачки однос кон конзервативците.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари