ХАМБУРШКАТА ПОЛИЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ СО ПРОТЕСТИТЕ ЗА Г20, ПОБАРА ПОМОШ ОД ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА

    ХАМБУРШКАТА ПОЛИЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ СО ПРОТЕСТИТЕ ЗА Г20, ПОБАРА ПОМОШ ОД ЦЕЛА ГЕРМАНИЈАПолициска станица во областа Алтона во Хамбург синоќа беше нападната и демонстрантите ги палеа полициските коли. - Од протестите за самитот на Г20 (Фото: ДПА)

    Хамбуршката полиција побара помош од цела Германија поради хаосот што настана за време на насилните протести на самитот на лидерите на земјите од Г20. Околу 19.000 полицајци беа распоредени да го обезбедуваат самитот со тенкови, хеликоптери, чамци и водени топови. Главниот протест на самитот е најавен за утре и се очекува да присуствуваат 100.000 демонстранти.

    Утринава, германската полицијa го расчисти протестот кој што му го блокираше патот на американскиот претседател Доналд Трамп до самитот на Г20 во Хамбург, откога протестот синоќа стана насилен, со повредени стотици демонстранти и полицајци.

    Полицијата физички ја отстрани групата од околу 80 луѓе кои што седеа на улицата покрај езерото Алстер на дел од патот кој што води од хотелот на американската делегација до местото на настанот. Полицијата претходно не успеа да го расчисти патот со помош на водени топови.

    Во многу делови од градот имаше судири за време на средбите на лидерите на Г20, вклучувајќи ги и рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
    Полициска станица во областа Алтона во Хамбург беше нападната и демонстрантите ги палеа полициските коли, твитна Германската полиција.
    Полицијата ги посоветува луѓето да ја избегнуваат зоната и да останат што подалеку од демонстрантите.
    

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари